ОPEL CORSA АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА

ОPEL CORSA АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА

На денешната прес конференција, жирито на најстариот избор на “Автомобил на годината” во нашата земја, го прогласи најдобриот автомобил за 2020 година.

На јубилејниот, 25 ти избор по ред, за Автомобил на 2020 година беше избрана, новата генерација на малиот градски автомобил – OPEL CORSA.

Во финалето учествуваа 6 модели :

  • Kia xCeed
  • Toyota RAV4
  • Opel Corsa
  • Mazda 3
  • BMW 1
  • SsangYong Korando

По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на жирито за избор на автомобил на годината во Македонија, титулата ја доделија на

  • Opel Corsa

Opel Corsa

Одлуката ја следеше и следното образложение, изготвено од страна на жирито :

„Corsa како прв сосема нов модел откако Opel стана дел од семејството на PSA во целост ги оправда очекувањата. Современиот изглед и модерните технологии меѓу кои и електричната погонска група ѝ даваат предност во настапот на пазарот, посебно во земји како Македонија каде купувачите ќе ги освојува и со атрактивната цена“

При изборот на Автомобилот на годината Националното Жири се раководеше од шесте критериуми:

– адекватност и понуда на домашниот пазар
– економичност и еколошка прифатливост
– безбедност и примена на технолошки достигнувања
– возни својства
– дизајн
– комфор и опременост

Меѓу шесте финалисти на изборот, се најде и сосема новата генерација на Корејскиот премиум SUV – SsangYong Korando, најновиот член од понудата на Аутомакедонија, кој доживеа одличен прием во јавноста, и ги прокнижи првите продажни бројки во нашата земја.