Ново работно време!

Ново работно време!

Почитувани клиенти,
Согласно најновата одлука на Владата за ублажување на мерките за заштита од Ковид 19, и скратување на терминот за забрана на движење во државата, би сакале да Ве информираме дека почнувајќи од утре, четврток, 23.04.2020 година, фирмите од нашата Групација :
– Аутомакедонија
– АМ Церт,
– АМ Брокер и
– Ауто 1 Рент
во Скопје и Битола, го продолжуваат своето работно време.

Компаниите во работните денови (понеделник – петок) ќе работат од 08:00 до 16:00 часот.

Во сабота, работното време ќе биде од 08:00 до 13:00 часот.

Бидејќи мерките за превенција и заштита од вирусот, се сеуште на сила, ве молиме да се јавувате и закажувате термини на нашите официјални телефонски линии (02 3103 130) или на е-маил (kontakt@automakedonija.com.mk).

А за било каква промена (која генерално ќе зависи и од промената на одлуката на Владата на РСМ и на надлежните институции – ќе бидете веднаш известени).
Со почит и надеж за побрзо завршување на оваа криза…