WABCO Сервис

Камионскиот сервис на Аутомакедонија е овластен WABCO сервис за Македонија.

Во сервисниот центар можете да добиете професионална – дијагностика, одржување, поправка и оригинални делови за системите WABCO присутни кај сите позначајни камиони, приколки, полуприколки, автобуси.

Во сервисниот центар на Аутомакедонија се вработени лица (инжинери и специјалисти) со врвни познавања од областа на WABCO кои можат да решат секаков проблем на системите за подобрување на безбедноста, системите за сопирање, контрола на стабилноста, суспензија…

Во 2017 година, Аутомакедонија беше назначена од страна на WABCO и за дистрибутер на резервни делови.

Информации, закажување на сервис или информации за резервните делови WABCO можете да побарате во нашиот Контакт центар на тел. 02 3103 130