Најопремениот Isuzu D-Max Quasar

Најопремениот пикап камионет во палетата на ISUZU D-Max го носи називот Quasar.

OПРЕМЕНОСТ НА МОДЕЛОТ

Moже да се набави само во верзијата со двојна кабина (Crew) со погон на сите тркала (4×4). Погон, кој се активира во внатрешноста на возилото преку вртливо копче (редуктор) – Shift on the fly. Возилото стандардно се движи со погон 4×2 но со вртење на копчето можете да го активирате и погонот на сите тркала, при високи и мали брзини на движење

Покрај стандардната опрема на Isuzu D-Max, во која уште во стартниот модел е вграден :

  • ABS Систем за кочење со 4 канали и EBD
  • BAS систем за кочење
  • ESC електронски систем за контрола на стабилноста
  • TCS систем за контрола на тракцијата
  • HSA – систем за помош при стартување на угорнина
  • HDC – систем за контрола при спуштање по удолница
  • 6 воздушни перничиња
  • светла за магла, напред и назад
  • волан подесив по висина
  • ЛЕД предни и задни светла
  • влегување без клуч (keyless entry system)

Quasar има и :

  • автоматски клима уред
  • темпомат (cruise control)
  • светла за магла – напред и назад
  • аларм
  • патен комјутер
  • мултифункционален дисплеј
  • камера за враќање назад
  • аудио команди на воланот
  • 7 инчен инфотејнмент систем со навигација
  • кожни седишта со греење
  • алуминиумски бандажи 18”

Целата таа опрема – можете да ја комбинирате и со супер атрактивните надградби на задниот дел – со канопи (во боја на каросеријата), со рол барови или заштитна ролетна, од премиум производители на надградби за пикап камионети.

НОВИ МОТОРИ

Новиот D-Max е опремен со атрактивниот дизел агрегат на ISUZU со зафатнина од 1,9 литри и моќност од 163 коњски сили.

Просечната потрошувачка на моделот со мануелен менувач е 6, додека моделот со автоматска трансмисија троши 8 литри.

Во задниот пикап простор можете да товарате товар и багаж до речиси 1 тон, а D-Max може да влече и приколка со рекордни во класата 3,5 тони.

ЦЕНА

Сето ова, во исклучително функционалниот D-Max можете да го добиете за популарни 27.119 евра + ддв (а данокот на додадена вредност имате право да го вратите доколку D-Max го набавите за Вашата фирма, бидејќи возилото е товарно – N1 класа). Моделот со автоматски менувач можете да го набавите со доплата од околу 1.000 евра.

5 ГОДИШНА ГАРАНЦИЈА

Јапонските конструктори, сигурни во квалитетот на својот производ, за новиот D-Max обезбедија подолг гарантен рок од 5 години или 100.000 км. Сервисниот центар на Aутомакедонија е овластен за секаква сервисна поддршна на возилата од брендот ISUZU.

ФИНАНСИРАЊЕ

D-Max можете да го набавите и на лизинг, преку атрактивните финансиски пакети во Аутомакедонија.

Повеќе инфо на тел. 02 3103 265