Isuzu D-Max одличен за Вашата флота

Како овластен увозник и дистрибутер на ISUZU за Македонија, во изминатите неколку години Аутомакедонија на домашни фирми и организации им испорача повеќе флоти составени од функционалните D-Max модели, најчесто со продолжена (crew) кабина, погон на сите тркала (4×4) и функционална надградба – канопи.

На возилата D-Max, зависно од барањата на клиентите беа вградувани и функционални багажници, ролетни, витла, куки за влечење, рол барови и бул барови, ножеви за чистење снег… бидејќи на функционалноста на возилата на ISUZU и нема крај.

Возилата, покрј врвните перформанси, имаат и одлични (конкурентни) цени и одлични услови на финансирање.

Во продолжение само дел од фотографиите на флотите испорачани на домашните клиенти.