Isuzu D-Max oд 17.191 евра

Основниот модел на пикап камионетот на Isuzu, D-Max  со единечна кабина – две седишта, и простран пикап простор за товарање можете да го набавите во Аутомакедонија по цена од 17.191 евра + ддв.

Бидејќи возилото се води како товарно (N1 категорија), доколку истото го набавите на име на фирма, имате право на повраток на данокот.

Во стартниот модел на ISUZU D-Max со погон на задни тркала е вграденa следната опрема :

  • ABS Систем за кочење со 4 канали и EBD
  • BAS систем за кочење
  • ESC електронски систем за контрола на стабилноста
  • TCS систем за контрола на тракцијата
  • HSA – систем за помош при стартување на угорнина
  • HDC – систем за контрола при спуштање по удолница
  • 6 воздушни перничиња
  • светла за магла, напред и назад
  • волан подесив по висина
  • ЛЕД предни и задни светла
  • влегување без клуч (keyless entry system)

Во отворениот пикап простор можете да товарате повеќе од 1 тон, што моделот го прави идеален за секаков вид на фирми.

Првиот модел со клима и погон на сите тркала (4×4), ќе ве чини скромни 20.182 евра + ддв.