CORSA СО СУПЕР ФИНАНСИРАЊЕ

CORSA СО СУПЕР ФИНАНСИРАЊЕ

 

За своите клиенти, Аутомакедонија подготви нова супер понуда.

Мултифункционалната OPEL CORSA со 5 врати и со комплетен пакет на опрема што вклучува – ABS, ESP, помош за качување по угорнини (HSA), TPMS (систем за мониторирање на притисокот на гумите), 6 воздушни перничиња, централна брава со далечинско отклучување, серво управувач подесив по висина и длабочина, електрично придвижување на предните прозорци, електрично подесување на ретровизорите, борд компјутер – како и специјалниот пакет (Enjoy plus pack – клима уред, кожен волан, магленки напред, аларм, греење на надворешни ретровизори и ултра модерниот – Intellilink патентиран систем на OPEL за поврзување на информацискиот и забавен систем на возилото со мобилен смарт телефон, екран осетлив на допир од 7 инчи, монохроматски TFT eкран…)

Ова супер урбано возило, идеално за млади и модерни возачи од двата пола, сега можете да го добиете со најдобра можна цена досега и за динамичниот бензински мотор со зафатнина од 1.4 литри (75 коњски сили) за цена од атрактивни 10.873 евра…

Атрактивната CORSA е модерна, свежа, комплетно опремена, прилагодена за потребите на модерното време, а нејзините димензии и комфор ја прават и сосема коректен семеен избор.

Токму оваа генерација на CORSA е едно од најпродаваните и најпосакуваните службени возила на многу фирми во земјата и регионот.

Покрај сите предности, CORSA има и 4 годишна гаранција, бесплатна Euro service гаранција што нуди бесплатна 24 часовна помош на пат во земјата и Европа (во гарантниот период) како и одлични сервисни интервали кои ја прават идеална за секоја компанија која внимателно ги следи своите трошоци.

Кога на сето тоа ќе ги додадете и одличните понуди за финансирање преку финансиски или оперативен лизинг, новата CORSA може да биде и Вашиот идеален флотен избор.

Во Аутомакедонија, сервисните експерти може да Ви понудат и конверзија на возилото во товарно, со што истото влегува во категоријата N1 – што па на фирмите им дава право за враќање на ддв, како и монтирање на најдобриот плински уред на пазарот – од Италијанскиот бренд BRC со што се добива идеално, економично возило без никакви последици со стартноста и моќта на забрзување.

Дополнително, со екстра лизингот во соработка со Sparkasse Leasing – прекрасната CORSA можете да ја имате и за месечна рата од 137 евра.

Секторот за користени возила на Аутомакедонија – со задоволство ќе ја прифати и разгледа секоја понуда за замена на Вашето користено возило – со новата CORSA и ќе Ви направи бесплатна и необврзувачка процена на користеното возило.

А сега, во вистински момент – и со сет на бесплатни зимски гуми.

Дополнително, покрај одличната цена, финансирање, замена старо за ново, во Аутомакедонија по повластени услови можете да добиете и се останато – технички преглед, регистрација, осигурување…

Сето тоа – во салонот на Аутомакедонија.

Посетете не, закажете тест возење и уверете се во совршениот пакет на Аутомакедонија за OPEL CORSA.

Teл. 02 3103 130