НОВО НИВО НА СИГУРНОСТ
Групацијата Аутомакедонија заедно со Оryx Assistance, подготви нов иновативен производ со кој на своите клиенти им овозможува извонредна услуга и дополнителна грижа во случај на вонредни околности.
Што е Аутомакедонија помош на пат?
За жал, непредвидени работи се случуваат кога патуваме. Дефект на автомобилот, дупната гума, празен акумулатор, сообраќајна незгода… Но, со услугата Аутомакедонија помош на пат имате брза и ефикасна помош на која може да сметате во секое време.
Во зависност од избраниот пакет, техничката помош на пат вклучува:
Како функционира Аутомакедонија помош на пат?
Без разлика дали се работи за несоодветно ракување со возилото (заклучени клучеви, погрешно наточено гориво) или надворешни околности (сообраќајна незгода, пожар, поплава, земјотрес):
Доволно е да се јавите на 0800 22 205 за повици од Северна Македонија или +389 23 20 40 35 за повици од странство или со помош на апликацијата Drive Angel. Операторот ќе одговори во рок од 5 секунди, а повикот е бесплатен. Достапни сме 24 часа на ден, 365 дена во годината.
Агентот во Call центарот на Аутомакедонија ги прима податоците и организира соодветна интервенција.
Во рок од 45 минути техничката екипа пристигнува на пријавената локација и го решава проблемот.
Услуга | Пакет АМ Македонија Промо (од 05.12.2022 до 31.12.2023) | Пакет АМ Македонија | Пакет АМ Регија | Пакет АМ Европа Basic | Пакет АМ Европа Extra |
Контакт центар 0-24h, 365 дена | Неограничено | Неограничено | Неограничено | Неограничено | Неограничено |
Помош на пат – поправка | Еднократно, 1x годишно, до првиот овластен или неовластен сервис без оглед на одалеченоста | Еднократно, 1x годишно, до првиот овластен или неовластен сервис без оглед на одалеченоста | Повеќекратно, до 9,000 денари | Повеќекратно, до 12,000 денари | Повеќекратно, до 18,000 денари |
Превоз на возило (шлеп) | Еднократно, 1x годишно, до првиот овластен или неовластен сервис без оглед на одалеченоста | Еднократно, 1x годишно, до првиот овластен или неовластен сервис без оглед на одалеченоста | Повеќекратно, до 15,000 денари | Повеќекратно, до 18,000 денари | Повеќекратно, до 30,000 денари |
Достава на гориво | Неограничено | Неограничено | Неограничено | Неограничено | Неограничено |
Заменско возило | Еднократно, до 2 дена, до 3,100 денари / ден | Еднократно, до 1 ден, до 3,100 денари / ден | Еднократно, до 2 дена, до 3,100 денари / ден | Еднократно, до 3 дена, до 3,100 денари / ден | |
Алтернативен превоз | Еднократно, до 3,100 денари | Еднократно, до 6,200 денари | Еднократно, до 12,000 денари | Еднократно, до 12,000 денари | |
Хотелско сместување | Еднократно, 1 ноќевање до 3,100 денари по лице/ноќ | Еднократно, 1 ноќевање до 3,100 денари по лице/ноќ | Еднократно, 3 ноќевања до 3,100 денари по лице/ноќ | ||
Мобилна апликација Drive Angel | Неограничено | Неограничено | Неограничено | Неограничено | Неограничено |
Редовна цена | 890 денари | 1,190 денари | 1,490 денари | 1,790 денари | |
Технички и АО | ГРАТИС до 31.12.2023 | 590 денари | 890 денари | 1,190 денари | 1,490 денари |
Наведените редовни цени се на годишно ниво, а со користење на некоја од услугите во Групацијата Аутомакедонија (технички преглед, полиса за каско или автоодговорност и сл.), добивате дополнителен попуст на избраниот пакет!
До 31.12.2023 со направен технички преглед и купена полиса за автоодговорност во било која од станиците за технички преглед на Аутомакедонија, пакетот АМ Македонија Промо го добивате бесплатно!
Што е Drive Angel?
Со пакетот Помош на пат, Ви ја подаруваме и единствената Drive Angel апликација. Апликацијата е програмирана автоматски да ги препознава вредностите кои се карактеристични за сообраќајна несреќа и со помош на функцијата E-Call (итен повик) го алармира повикувачкиот центар, кој потоа по потреба ги повикува итните служби (брза помош, полиција, пожарна).
Апликацијата интегрира и други услуги како B-Call (Breakdown call) во случај на дефект, споделување на возењето и разни други предупредувања кои корисникот може да ги избере самиот.
Drive angel може да се преземе од https://driveangel.oryx-assistance.com/mk/, по што се инсталира на мобилен уред, а се активира со внесување на кодот што ќе го добиете со купување на еден од пакетите за Помош на пат.
Вашиот личен ангел е подготвен за употреба.
ЗАМЕНСКО ВОЗИЛО (BACK UP CAR)
Овој производ ви озвможува бесплатно користење на заменско возило во случај на незгода или настаната штета на вашето возило, при активирање на полисата за каско осигурување или авто-одговорност.
Без разлика дали после незгодата возилото е во возна состојба или не – може да сметате на заменското возило.
ЗОШТО ЗАМЕНСКО ВОЗИЛО?
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА АУТОМАКЕДОНИЈА АСИСТЕНЦИЈА
За повеќе информации и нарачка на пакетите Аутомакедонија Асистенција, побарајте нè на 02 3103 130, пишете ни на kontakt@automakedonija.com.mk или посетете нè на нашите локации:
*Промотивната акција “Гратис помош на пат – пакет АМ Македонија Промо” е со важност од 01.12.2022 до 31.12.2023 година
Промотивната акција не може да се комбинира со други активни промоции на Групацијата Аутомакедонија.
Промотивниот пакет “Помош на пат – Македонија Промо” не може да биде заменет за пари.